Тажната сторија со злокобната болест на нашиот сограѓанин ДАВИД СТОЈАНОВСКИ кој има 12 години и боледува од тумор на лево колено со дијагноза малигна мезенхимална неоплазма со карактеристики на остеосарком, би можела да има среќен крај доколку се солидаризираме и уште еднаш ја покажеме нашата хуманост на дело. По терапијата кај д-р Самарџиски на Клиниката за ортопедија во Скопје, беше направена и операција на коленото, по која Давид закрепнува и има добри изгледи за целосно оздравување. Моментално Давид прима терапија за која се потребни 47.000 денари, кои семејството на Давид ги нема и апелира до сите граѓани да бидат хумани и да донираат средства за понатамошно лекување.
Семејството на Давид е во тешка финансиска состојба и однапред се заблагодарува на сите хумани луѓе кои ќе помогнат да се спаси еден млад детски живот.
Сметка за донација : 320-5000215494-04
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска



















