gogo

A+ R A-


Дедо Љубе е закон: адвокати му се нудат бесплатно, социјалните мрежи со поддршка

Е-пошта Печати PDF

http://www.dnevnik.mk/WBStorage/Articles/4C1F94BDA4A36B44BE04770E3976F5E0.jpg

Дедо Љубе (75), старецот од кратовското село Којково, деновиве стана главна медиумска личност. Откако храбриот дедо беше обвинет по три основи, за убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, за Љубомир Митев се заинтересира македонската јавност. Деновиве на социјалните мрежи се формираа неколку групи за поддршка на старецот, сите со барање за слобода на дедо Љубе, кој само си го бранеше домот и сопругата, а не сторил никакво злосторство. Адвокатската канцеларија Георгиевски од Куманово и адвокатот Стеваноски од Прилеп му понудија на дедо Љубе да го бранат во судскиот процес без надомест, иако дедо Љубе првично сакаше да се брани без адвокат, но законите не го дозволуваат тоа.
Судскиот процес во Куманово започна пред два дена, но веднаш беше презакажан за средината на април.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.