gogo

A+ R A-


Дедо Мраз не ги заборави децата со хендикеп

Е-пошта Печати PDF
пишува - Оливер Арсовски

Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски и локалната самоуправа им врачија новогодишни пакетчиња на децата од ранливите групи и децата со посебни потреби. Оваа хумана акција беше поддржана и од неколку приватни компании и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

одека ги делевме пакетчињата на децата со хендикеп, бевме сведоци на многу искрени и радосни крикови, емоции пропратени со солзи. Овие деца се споредуваат со ластовичките и нивните малечки пилиња. Како што ластовичките ги хранат беспомошните младунчиња, исто така и овие деца се хранети и пазени од мајките 24 часа. Секој што ќе помогне на овие деца, ќе биде благословен – ни рече Славица Коцевска, мајка на дете со посебни потреби.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.