Советот на манифестацијата Лесновски ѕвона, во чест на македонскиот поет Чедо Јакимовски, Ве поканува на јубилејната Десетта поетска средба која ќе се одржи на 11-ти Јуни 2016 година (сабота) со почеток од 13 часот во Музеј на град Кратово.
На манифестацијата учество ќе земат следните уметници:
Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Братислав Ташковски, Ристо Јачев, Ристо Лазаров, Гордана Михаилова-Бошнаковска, Данило Коцевски, ак. Катица Ќулафкова, Благој Самоников, Трајче Кацаров, Веле Смилевски и др. познати поетски имиња од земјата.
За време на одржувањето на манифестацијата ќе не почести и големиот уметник Живко А.Поповски – Цветин, со неговата ликовна работилница и изложба со наслов „Цвеќе на мирот“ кој носи порака –
Цвеќето и поезијата за мир во светот.