gogo

A+ R A-


ДОБРА ВЕСТ: Д-р Караѓозов и „Систина“ бесплатно ќе ја оперираат Биле

Е-пошта Печати PDF

alt

По денешниот апел за помош и собирање на парични средства за операција на десетгодишната Билјана Пешевска од кратовското село Трновац, стигна добра вест која сигурно ќе го израдува семејството Пешевски, но и сите оние кои денеска покренаа хуманитарна акција за помош на Биле. Откако таткото Даниел преку порталот „Аберџија“ побара финансиска помош во висина од 60.000 денари, колку што чини операцијата за отстранување на катетер од градниот кош на Биле, попладнево се огласија од приватната болница „Аџибадем Систина“. Имено, менаџментот на „Систина“ донел одлука специјалистот за тораковаскуларна хирургија, д-р Митко Караѓаозов, бесплатно да ја изврши потребната интервенција и да излезе во пресрет на сиромашното семејство од Трновац, кое преживува со социјална помош од 2.500 денари.
Во меѓувреме, хуманите граѓани можат и понатаму да донираат средства преку банкарската сметка на Даниел Пешевски, за да може и понатаму да купуваат скапи лекарства за детето кое боледува од тумор на малиот мозок.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.