gogo

A+ R A-


Добра вест за граѓаните кои живеат на улицата „Вера Јоциќ“, ќе добијат нов асфалт и тротоари

Е-пошта Печати PDF

http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2017/03/17356900_10208854850423720_375840927_o.jpgНаскоро започнува почетокот на градежните работи за реконструкција – обновување на улицата „Вера Јоциќ“ во Кратово. Трасата на улицата се протега од потег на спој со улица „Гоце Делчев“ и на крај завршува со раздвојувањето пред Градскиот стадион и тоа во должина од 581 м.

Во првата фаза ќе биде опфатено проширување на постоечкиот коловоз, при што стабилноста на новопроектираното решение треба да биде обезбедено со потпорна конструкција. Потпорната конструкција е проектирана како армирано – бетонски потпорен ѕид кој ќе е составен од два дела (првиот дел е со должина од 52.60 м, додека вториот дел е со должина од 13.50 м), дебелината на ѕидот ќе биде променлива по висина.

Втората фаза ги опфаќа следните градежни работи на улицата „Вера Јоциќ“: ќе се изгребе постојниот и оштетен стар асфалт, целосно ќе се обнови носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалтен слој. Со проектот е предвидено и да се вградат бекатон-плочки на тротоарот, кое вградување на бекатон плочките ќе се изврши на слој од дробен камен.

Општина Кратово за овој зафат ќе одвои околу 5 (пет) милиони денари, а на терен ќе работат градежниците на „Силекс – Неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово.http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2017/03/17342296_10208854851623750_419731279_o.jpg

Реконструкцијата на улица „Вера Јоциќ“, како една од најважните сообраќајници во општина Кратово, е од големо значење и ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од Градот, а со тоа се намалува и загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.