Битката за живот на малото беспомошно девојче Ања од Кратово продолжува. Од денеска сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат финансиски на четиригодишната Ања Арсовска, ќе може тоа да го сторат на поедноставен начин, со вртење на телефонски број на кој еднократно ќе донираат 100 денари. Корисниците на Т-Мобиле ќе може тоа да го сторат на телефонскиот број 070-143-104, а корисниците на ВИП ќе може да донираат на бројот 077-143-778. И понатаму останува активна трансакциската сметка за оние кои сакаат да уплатат средства во банка, а отворена е и девизна сметка за уплата од странство.
Приказната за Ања која боледува од церебрална парализа со идиопатска епилепсија прв ја објави порталот www.aberdzija.com , а потоа беше реобјавена од десеттици портали и споделена од илјадници граѓани на социјалните мрежи. На семејството Арсовски кое едвај врзува крај со крај, потребни им се 4.500 евра за целосни испитувања на Ања во клиничката болница Санте Плус во Турција.
Т-МОБИЛЕ 070-143-104
ВИП 077-143-778
ДОНАЦИЈА ЗА АЊА АРСОВСКА
ЦЕНТРАЛНО-КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ
ДЕНАРСКА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 320500023718130
ЕМБГ 1605010425010
девизна сметка на Даниел Арсовски МБ 1710985423009
мк07 3205 4000 2874 768



















