gogo

A+ R A-


Другарчињата од Крилатица донираа за братот и сестрата болни од цироза

Е-пошта Печати PDF
altПријателствата стекнати во раното детство се нераскинливи, зрачат со љубов и желба за меѓусебна помош кога е најтешко. Токму случајот со маката на братчето и сестричката Александар (7) и Мартина (10) од Куманово, кои боледуваат од цироза на црниот дроб, е доказ дека детската љубов е најчиста и најсилна.
Веста за лошата здравствена сосотојба на двете дечиња, кои до пред извесен период живееја во кратовското село Кетеново, стаса до нивните другарчиња кои делеле исти школски клупи со Мартина, и предизвика позитивна реакција и желба да се помогне.

-Шесте петтооделенци во кратовското село Крилатица случајно го прочитале апелот за помош на Мартина и Александар. На фотографијата ја препознале својата поранешна соученичка Мартина, која подоцна се преселила да живее во Куманово. Уште истиот ден, децата одлучија финансиски да помогнат во лекувањето на нивните другарчиња, свесни дека нивната помош ќе биде капка во океанот. Беа упорни, направија сами кутија во која ке ги собираат донираните средства, ги информираа сите деца, наставници, родители и секој што дојде во училиштето. Направија и велигденска работилница со цел да продадат велигденски украси и сите средства повторно да ги наменат за истата цел. Со кутијата за донација потоа заминаа за Кратово, каде ја продолжија хуманитарната акција. Беа среќни што можат да помогнат, а уште посреќни кога ги броеа парите што ги собрале, надевајќи се дека наскоро повторно ќе ги видат своите другарчиња здрави – вели наставничката Кристина Цветковска.
Мајката на Александар и Мартина информираше дека се потребни 100.000 евра за лекување на децата во странство, надевајќи се дека средствата ќе бидат собрани. Неодамна и Даниел Кајмакоски донираше 25.000 евра од наградата што ја доби за триумфот во музичкото шоу ТЛЗП.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.