
- Социјалистичката партија е, исто така, партија против војни, против раздори. Ние бевме и против војната која се одвиваше во Југославија и против војната во 2001 година, против бомбардирањето на Југославија и против војните кои се одвиваат и денеска во Иран и Авганистан и така натаму, додаде тој, истканувајќи оти социјалистите сакале проблемите во светот да се решаваат на мирен и достонствен начин, на начин што значи да нема жртви, да нема страдања, да нема матреријални губитоци, да нема губитоци на луѓе, на деца на старци и така натаму.
- Тоа е нашата определба, таа била таква и останува до крај. Ние мислиме дека само со дијалог, со разговор, со упорно договарање, можат да се надминат сите проблеми пошироко во светот, а исто така и во опшштеството - смета Ѕинго.
Тој својот говор го започна со краток преглед на историјата на партијата, при што рече дека во 1892 година во градот Велес е формирана Социјалистичката партија. Нејзини лидери се главните личности од народно-ослободителното движење: Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Русински, Димо Хаџи-Димов. Според него, овие великани решиле од кадровите да ја форимираат Социјалистичката партија, втората партија по значење која одиграла голема улога во македонското народно ослободително движење.
- ВМРО е ќерка партија на Социјалистичката партија - смета Иванов и додаде дека денеска кога некои се чудат дека овие две партии се во непрекината взаемност 120 години, тоа доаѓа како резултат на непознавање и на луѓе кои не ја познаваат сопствената историја.
На конгресот присуствуваа и премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставрески ,а веднаш зад нив беше и поранешниот музички промотер Велибор Џаровски – Џаро.