Политичарите се во шок! Ниту еден политички митинг не собрал толку многу луѓе на плоштадот „Павел Шатев“ во Кратово како вчерашните концерти на музичките ѕвезди од Икс-фактор, Љубојна и Тајфата на Коки. Шегата на страна, иако се работи за гола вистина, бидејќи синоќа Кратово пулсираше добри 6-7 часа во ритамот на музиката. Река од луѓе, по слободна проценка над 3.000, го преплавија градот на „мостовите и кулите“. Угостителите триеја раце од зголемениот промет, пивото „Будвајзер“ се пиеше како што се пие вода во пустина, а младите во постојано демнење кога ќе се појават Даниел, Маид, Тамара и „Доктори“ за да го овековечат мигот со своите фотоапарати.
И забавата почна. Во 21 часот со тивките звуци на виолината на Коки и неговата тајфа, почна да се загрева атмосферата. Веќе во 22 часот почна да се чувствува напливот на емоции, а за тоа се погрижи неверојатната Вера „Љубојна“ придружена од прекрасните звуци на „Брас Фантази“ оркестарот. Се редеа „Филка мома“, „Крени мартината“ и други стари македонски песни со егејски призвук. И тогаш најдобриот македонски фото-модел, пардон водителка, Лила Филиповска го најави излегувањето на сцената на големите музички ѕвезди од Икс фактор. Маид започна со прекрасната „Одисеја“, а кулминираше со „Маџарица“ од Чолиќ. „Доктори“ со своите прекрасни љубовни балади ги разгалија срцата на младите, а Тамара со моќниот рокерски глас ја раздрма публиката.
И тогаш се случи кулминацијата. Само што го изговори Лила името на Даниел, за секунда стотици раце се кренаа во воздух, врисоци и скандирања од стотици усни. А мајсторот си е мајстор, за кусо време ја запали публиката.
Грмеа гласовните капацитети на Даниел на хитот на „Авичи“, а кулминираше со „Сонце не ме грее“ на Лозано. Публиката беше гладна за музика, а мајсторот отпеа 6-7 песни и најави и втора вечер во Кратово.
Забавата по полноќ се пресели на базенот, каде ди-џеј Бабура, Боби и Бранчез направија фантастична атмосфера со музичкиот сет и направија првата вечер од „Кратовските златни денови“ да финишира на фантастичен начин.
Фантастична вечер во Кратово, Кајмакоски го запали градот
Најново

![]() | Денеска | 3513 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 17414 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 92215 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22588307 |


















