Фондот потенцира дека прва и основна цел секогаш ќе биде грижата за осигурениците.
Фондот за здравствено осигурување соопшти дека постапил максимално брзо по поднесеното барање за лекување во странство со конзилијарно мислење за осигуреното лице Лука Јовановски и во целост го одобрил лекувањето во Турција.
„Фондот искрено се надева дека лекувањето на малиот Лука Јовановски ќе биде успешно. Очекуваме човечките судбини да не се злоупотребуваат во политички цели. Наша прва и основна цел е грижата за осигурениците“, стои во соопштението.
Малиот Лука Јовановски боледува од редок вид на рак на окото – Retinoblastoma.