Осумдесет и четиригодишниот Марко Јовановски од кратовското село Каврак го затекнавме во дворот на трошната куќарка во која живее. Иако во деветтата деценија од животот, дедо Марко плени со својата виталност. Го наполнил казанот со комиње, спотнал силен оган и печеше ракија од сливи. Тој е еден од малкумината жители што останаа да живеат во високите предели на Осоговието. Вели дека животот не е лесен, но најмногу од се му пречи осаменоста. Беше пријатно изненаден кога во неговиот двор зачекорија неколку жени од Социјалистичката партија на Македонија, кои барем на кратко му ја разбија монотонијата во животот.
-Општинската организација на Форумот на жени на СПМ се приклучи во одбележување на „Неделата за грижа на стари лица“ и го посети старецот Марко Јовановски од кратовското село Каврак. Цел на посетата е поттикнување на хуманоста и општествената одговорност, како и подигање на свеста за грижа за постарите лица – вели Гордана Наковска од Форумот на жени на СПМ во Кратово.
Дедо Марко прими многу подароци од жените социјалистки, но најмногу му се израдува на ѕидниот часовник. Се надева дека со него побрзо ќе му минува времето во сивите зимски месеци.
автор - Оливер Арсовски
снимател - Влатко Јовановски
Форумот на жени на СПМ го посети дедо Марко од Каврак (ВИДЕО)
Најново

![]() | Денеска | 451 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 14352 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 89153 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22585245 |


















