gogo

A+ R A-


Голем пожар во Кратово, изгоре погон на „Техно абразив“ ВИДЕО

Е-пошта Печати PDF

Голем пожар пеплоса погон за производство на брусеви и брусни флексови во Кратово, сопственост на компанијата „Техно абразив“. Пожарот пламнал попладнево нешто пред 16 часот, кога вработените во погонот веќе биле заминати од работните места. Пламената стихија први ја забележале жителите на село Железница, кои се обиделе да го згаснат огнот. Откако пламените јазици веќе го проголтале погонот во кој биле сместени машините, интервенцијата на противпожарната единица од Кратово спречила ширење на пожарот во магацините, каде имало поголема количина репроматеријали.
По двечасовна битка со огнот, пожарот беше изгаснат. Причинета е значителна материјална штета.

П.С. Колку што е голема материјалната штета предизвикана од пожарот, уште поголема штета е што изгоре еден од ретките приватни индустриски капацитети во општината, во кој беа вработени повеќе жители од нашата општина. Компанијата „Техно абразив“ е компанија која со години одлично работи на пазарот, остварува добри финансиски резултати и убедени сме дека и после оваа незгода ќе успеат да се издигнат како „феникс“ од пепелот што остана од нивниот погон.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.