Голем пожар веќе неколку часа беснее во кратовското Криворечие, во маалаата викана Лазинци. Според информациите од вработените во ЈП „Македонски шуми“, подружница Кратово, големиот пожар уништил две куќи и неколку плевни. Зафатена е поголема борова шума и ниска џбунеста вегетација, а штетата не е мала. Засега Противпожарната единица од Кратово со помош на вработените во „Македонски шуми“ се обидуваат да го стават под контрола пожарот, а во состојба на готовност се единицте во Ранковце и Крива Паланка.




















