gogo

A+ R A-


Голем спа центар ќе се гради во Кратово!!!

Е-пошта Печати PDF

altМинистерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на шест градежни парцели со вкупна површина од 78.107 метри квадратни за изградба на спортско рекреативен и бањски комплекс Спа Центар – Кратово. Три од понудените локации се предвидени за подигање на бањи со сместувачки капацитети, на една парцела ќе се гради хотел, додека на останото земјиште е планирана изградба на затворен олимписки базен и останати спортски содржини. Зацртаната површина за градба на спа центарот изнесува 49.002 метри квадратни, а предвидената висина на објектите изнесува од 6 до 21 метар.

Почетната цена на градежните парцели што ќе се продаваат преку електронско јавно наддавање се движи од 73 до 175 денари од метар квадратен. Крајниот рок за доставување на пријавите од заинтересираните субјекти е 17 април, а наддавањето ќе се одржи на 24 април. Најповолниот понудувач е должен во рок од 12 месеци по купувањето на парцелите да обезбеди одобрение за градба на комплексот и е обврзан да го изгради планираниот спа центар во период не подолг од 6 години од денот на добивање на градежната дозвола.

извор - www.build.mk

Коментари

Веројатно ќе биде во атарот на село Вакав, таму има врела минерална вода... а и добро локации за изградба...

0 Оливер Арсовски 2012-03-11 21:53 #3

Цитат

A OTPRILIKA MAPA KADE KE BIDE , NA KOJ DEL NA KRATOVO.

0 Risto 2012-03-11 19:24 #2

Цитат

VO KRATOVO SAMO SPA CENTAR FALI, SE DRUGO SI IMAAT.

+1 Kratovac 2012-03-11 15:42 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.