gogo

A+ R A-


Горан Ковачевски е новиот претседател на ОО на СДСМ во Кратово

Е-пошта Печати PDF

altГоран Ковачевски (41) е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ во Кратово, откако денес беа назначени 30 претседатели на Општински организации на СДСМ.

Половина се нови кадри на овие позиции, а половина ја вршеа оваа партиска функција и пред одлуката на Заев да ги разреши сите општинските претседатели во рамки на операцијата „метла“, најавена меѓу двата круга од претседателските избори. Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации, а во Кратово доаѓа до смена на лидерската позиција по лошите изборни резултати на владејачката партија.
Инаку, Горан Ковачевски моментално ја извршува функцијата главен менаџер на Униор Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.