gogo

A+ R A-


Градинка „Царка Андреевска“

Е-пошта Печати PDF

Изложба „Оживеани плодови“ и театарска претстава со Шенка и Гоце

пишува - Оливер Арсовски

Оваа недела во градинката „Царка Андреевска“ во Кратово се случуваа низа активности на задоволство на малите дечиња на кои денот им поминува во оваа институција. Повеќе од двеста граѓани, претежно родители и баби и дедовци, ги видоа уметничките креации на своите деца и внуци, кои изработија разни творби од есенски плодови. Десетици килограми компири, дуњи, јаболки, тикви и друго овошје беа материјалот од кој децата изработија кловнови, авиончиња, убавици, желки, ежови и други форми, развивајќи ја својата имагинација и вештина.

Покрај изложбата, децата беа сведоци на театарската претстава за деца во која врвните македонски актери Шенка Колозова, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски ги забавуваа кратовските дечиња.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.