gogo

A+ R A-


Граѓаните избраа, Кратово ќе добие мултимедијален центар (кино-сала)

Е-пошта Печати PDF

пишува - Оливер Арсовски

Во конкуренција на три предложени проекти, граѓаните на Кратово на петтата форумска сесија во х.Кратис со гласање го избраа проектот кој ќе се реализира следната година. Членовите на 6-те работни групи кои се стекнаа со право на глас, речиси со акламација одлучија Кратово да добие мултимедијален центар на местото каде досега се наоѓаше руинираната кино-сала. На второ место според бројот на гласови се најде проектот „Со информација до Кратово како туристички рај“ (туристичко биро), а на третата позиција се најде проектот „Здравје преку спортување“ (спортско игралиште).

Да потсетиме дека проектот ќе биде финансиран со 2.400.000 денари од Швајцарската агенција за развој, а другата половина од средствата ги обезбеди Општината Кратово. Градоначалникот Мите Андоновски се заблагодари за донацијата и истакна дека тие средства нема да бидат доволни за комплетно завршување на Мултимедијалниот центар, но дека во иднина ќе се бараат дополнителни средства за објектот да биде целосно завршен. Свое обраќање имаше и извршниот директор на ЦИРа која го имплементира проектот, г-дин Зоран Стојковски.

За да сите пет форумски сесии минат во најдобар ред, се погрижија модераторот Васка Драшковиќ, комодераторот Јорданка Шапкалиска, и членовите на оперативната група Соња Крстевска, Милка Павловска, Кристина Миревска, Мерлин Јакупова, Тони Ивановски и Оливер Арсовски.

&list=UU2_dFiVfdIco1QzNHhWbLHQ&index=3&feature=plcp

&list=UU2_dFiVfdIco1QzNHhWbLHQ&index=2&feature=plcp

&list=UU2_dFiVfdIco1QzNHhWbLHQ&index=1&feature=plcp

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.