gogo

A+ R A-


Граѓаните се интересираат за програмата „Општинско-корисна работа“

Е-пошта Печати PDF

Десеттина граѓани на Кратово вчера присуствуваа на информативното предавање за ангажирање во Програмата „Општинско корисна работа“, која се спроведува со поддршка на Владата на Република Македонија и UNDP. Пред присутните говореше Кристина Петровска од општинската администрација, а заинтересираните имаа altможност да поразговараат со директорот на Агенцијата за вработување во Кратово, Сашо Георгиевски. Оваа програма има за цел зајакнување на систмот на социјална заштита, со поголемо вклучување на капацитетите на општината и граѓаните со цел социјално вклучување и подобрување на квлитетот на живеење на граѓаните. Програмата ,,За посреќни граѓани,, како дел од програмата ,,Општинско корисна работа,, има за цел реализација на следните активности :

1-Посета, помош и работа со лица со посебни потреби во домашни услови.

 2-Посета и помош на страи лица во домашни услови.

Оваа програма нуди можност за социјално вклучување преку работно ангажирање на невработени лица со цел стекнување на нови знаења и вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Предност имаат лицата со статус - дологорочно невработени лица или припаѓаат на ранливите категории на граѓани.Право на пријавување имаат сите лица кои се активни баратели на работа во Центарот за вработување, Кратово.

altОпштина Кратово објавува оглас за работно ангажирање на шест лица на следните работни места:

1-Давател на социјални услуги на лица со посебни потреби (2 лица)

 2-Давател на социјални услуги на стари лица (3 лица)

 3- Лица одговорно за изработка на Регистар на стари лица(1 лице)

Избраните лица ќе потпишат договор за работен ангажман за 6 месеци со 20 работни часа неделно, со месечен надоместок од 6000 денари со вклучен персонален данок и осигурување при повреда на работно место.

Исто така општина Кратово испраќа повик до сите лица кои би можеле да ги користат услугите од програмата  ,,Општинско корисна работа,, и потребно е да припаѓаатѕ на следните категории :

1. Лица со посебни потреби кои имаат наод и мислење од стручна комисија за утврдување на степенот на ментална или физичка попреченост и да не се опфатени од Дневниот центар.

2-Стари лица кои имаат наод и мислење од стручна комисија за грижа и помош од друго лице.

Огласот за невработени лица и  крајни корисници и лица е отворен до23.05.2014 година (петок).

Пријавувањето на невработените лица се врши во Центарот за вработување - Кратово, секој работен ден од 08.30 - 16.30 часот (контакт телефон:031/481 105)

Пријавувањето на крајните корисници се врши во просториите на Општина Кратово, кај одговорното лице, секој работен ден од 08.00 - 16.00 часот.(контакт телефон 031/481202)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.