Агрегаторот на вести „GRID.MK" креиран од нашите сограѓани Ѓорѓи Какашевски, Симе Арсеновски и Ивица Димитровски го доби престижното признание за најиновативен сајт за 2012 година. Во продолжение ја пренесуваме благодарноста на Какашевски за добиената награда.
Почитувани,
GRID.MK со задоволство сака да ве информира дека е добитник на наградата Најиновативен сајт за 2012.
Како факти кон наградата би ги вклучиле:
-првиот македонски сајт со Responsive CSS дизајн кој автоматски се прилагодува на уредот од кој го отворате, компјутер, лаптоп, таблет, мобилен
-првиот македонски социјален читач, изработен по светските примери на Washington Post, Yahoo News!, The Guardian
-првите, засега и единствени, Facebook анализи на статиите од македонските медиуми што ни овозможува да направиме рангирање на најактуелните вести на Facebook во моментот, прикажани во страната Тренди
-освен најопсежната (130 извори) и најбрзата (5 минути) анализа на вести, правиме анализа на македонски блогови, македонски YouTube видеа, групни попусти, фирми, радио и ТВ станици.
Сигурно има уште иновации кои ги имаме имплементирано, но уште посигурно дека тука не застануваме и наскоро следуваат нови.
Нашите главни задачи и понатаму остануваат:
Посебно не радуваат и многуте позитивни реакции на медиумите, на нивните новинари и уредници, со кои досега сме контактирале и соработувале... затоа оваа награда од срце сакаме да ја споделиме со нив.