gogo

A+ R A-


Хуман гест на Давид од Кратово, донираше на момче кое настрада во сообраќајна несреќа

Е-пошта Печати PDF

Големината на еден човек се гледа во моментите кога она што го примил како дар е подготвен да го сподели со страдалниците околу себе. Токму таков хуман гест направи тринаесетгодишниот Давид Стојановски од Кратово, детето кое боледува од карцином и за кое целата македонска јавност се крена на нозе. Тој го посети домот на семејството Павловски од Кратово, за да му подари 1.000 евра на својот млад сограѓанин кој неодамна тешко настрада во сообраќајна несреќа.
-Денес дојдов кај батко Далибор за да му донесам мал подарок, затоа што има преживеано тешка сообраќајна несреќа. Сакам да покажам дека луѓето имаат хумано срце и дека треба да помагаат на други луѓе – рече Давид Стојановски.
Жените-хуманистки од Кратово, Гордана Накова и Јагода Ивановска, кои безброј пати помогнале на многу загрозени семејства, уште еднаш порачаа дека само добрите дела остануваат да се паметат.
-Добрината со добрина се веаќа. Сенадевам дека ќе дадеме добар пример, дека и малите и големите донации што ги прими Давид, сака да ги сподели со некој кому му се неопходни – истакна Гордана Накова.
Давид Стојановски деновиве ќе започне со хемотерапија, а наскоро по трет пат ќе замине во Австрија за да ја вгради потребната протеза на ногата. Оливер Арсовски

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.