Кратовските матуранти со прво и второ место на дебатен турнир во Битола
пишува - Оливер Арсовски
Во перидот од 19-24 Август, членовите на Локалниот Младински Клуб во Кратово, Славица Јаковска, Александра Давиткова, Билјана Лазаревска, Влатко Бојковски и Младен Мицевски учествуваа на Летната Академија организирана од Младинскиот Образовен Форум. Оваа летна академија беше организирана на планината Пелистер и учествуваа стотина средношколци од 13 градови од Македонија. Целта на академијата беше учесниците да се стекнат со најразлични знаења кои понатаму би ги употребувале за поттикнување на локалните младински иницијативи. За време на Академијата беа организирани голем број на предавања и сесии, како и дебатен турнир на кој учествуваа сите учесници на Академијата. Она што е интересно е тоа дека во финалето на Дебатниот турнир учествуваа двајца наши сограѓани, при што Влатко Бојковски со неговиот тим го освои првото место, додека Славица Јаковска го освои второто место со нејзиниот тим.
Посебен настан кој беше организиран на Лентата Академија е flash mob-от во Битола. Тоа беше несекојдневен необичен перформанс на кој средношколците го покажаа своето незадоволство поради исклученоста од општеството. Перформансот заврши со испраќање на пораката: „Тука сме. Многу сме. Не прифаќаме, не.“ Со тоа средношколците го свртеа вниманието на медиумите како и на случајните минувачи на Широк Сокак.