gogo

A+ R A-


Инфо-ден во Кратово за „ЕУ ЛИДЕР“ пристап до ИПАРД фондовите

Е-пошта Печати PDF

Центарот за развој на Североисточниот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот плански регион”, на 29-ти Мај 2014 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Музеј на град Кратово ќе организираат инфо ден на тема: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот.

alt

На овој настан ќе присуствуваат претставници од јавен, приватен и граѓански сектор од општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане, пред кои ќе се презентираат бенефитите и можностите кои се нудат со спроведувањето на ЛЕАДЕР пристапот во регионот.

Целта на инфо денот е учесниците да се запознаат со принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот како мерка од ИПАРД програмата преку која во иднина со нивно учество ќе можат да се спроведуваат проекти во руралните средини.

За дополнителни информации можете да контактирате со Данијела Трајковиќ  координатор на проект во Центарот за развој на Североисточниот плански регион, на телефонскиот број 031 424 878 или преку електронска пошта на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.