Познатиoт канадски ликовен уметник и синеист од македонско потекло, Мајкл Клос, кој живее во Торонто, целокупната своја оставнина ја пренесува во сопственост на Република Македонија.Сето тоа ќе биде сместено и изложено во посебна просторија во подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Охрид, на очиглед на јавноста. Станува збор за творештво создавано во изминативе 30 години. Оригинални документи, дневникот што го водел во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои лобирал за признавањето на Република Македонија под уставното име, како и една колекција цртежи и слики на платно.
Тој деновиве имаше изложба на своите уметнички дела во Музејот на Кратово, на покана на кратовскиот промотор на туризмот Стевче Доневски. Ексклузивно за читателите на АБЕРЏИЈА, Мајкл Клос и неговата сопруга Менка дадоа опширно интервју, откривајќи интересни детали однивните животни патешествија.
Интервју со уметникот Мајкл Клос, канаѓанецот кој целата оставина ја подари на Македонија (ВИДЕО)
Најново
![]() | Денеска | 197 |
![]() | Вчера | 2512 |
![]() | Оваа недела | 4969 |
![]() | Минатата недела | 22394 |
![]() | Овој месец | 53253 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20971262 |