gogo

A+ R A-


ЈАВЕН ОГЛАС до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Е-пошта Печати PDF

Општина Кратово во соработка со Агенцијата за вработување на РМ и Програмата за развој на Обединетите Нации ја објавува програмата

Општинско корисна работа 2016

http://whereismacedonia.org/images/images/towns_in_macedonia/kratovo/kratovo-macedonia.jpgТрета година по ред општина Кратово ќе ја реализира оваа програма преку проектот насловен ,„Заедно сме посилни“ во чии рамки ќе се реализираат следните активности:

-Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови

-Надополнување на воспитно – образовната дејност во воспитно – образовните и згрижувачки установи со активности од областа на физичката култура и музичката уметност

-Надополнување на човечкиот капитал во општината со патролен социјален работник и патролен психолог

Проектот „ Заедно сме посилни“ превдвидено е да трае 6 месеци, започнувајќи од 1 -ви септември 2016 година.

Во рамките на овој проект ќе бидат ангажирани 9 (девет) невработени лица на следните работни позиции:

– Давател на социјални услуги на стари и изнемоштени лица /Негувател (5 лица)

– Соработник за физичка култура (1 лице)

– Соработник за музичка култура (1 лице)

– Патролен социјален работник (1 лице)

– Патролен психолог (1 лице)

Јавниот оглас за евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско корисна работа на ден 08.08.2016 година е објавен на огласна табла во општина Кратово, Центар за вработување – Кратово и Центар за социјална работа Кратово.

Исто така сите заинтересирани граѓани кои би сакале да ги користат услугите од активноста Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови можат да се информираат и пријават во општина Кратово на тел.број 031/481 202.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.