gogo

A+ R A-


Јуначиште, има да издржиш! Живот за Давид Стојановски!!! (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

altЖивотот на тринаесетгодишниот Давид Стојановски од Кратово не беше воопшто различен од она што го практикуваат другите деца. Одење на училиште, игри на улица, тренинзи во фудбалскиот клуб Силекс и во ракометната академија на Металург. Безгрижното детство на Давид беше прекинато пред осумнаесет месеци, кога добил оток на левото колено. Дијагнозата на скопските клиники покажала дека се работи за остеосарком над левото колено. Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска бил отстранет и заменет со имплант, кој не му дозволува на Давид да ја свие ногата.
По неколку месеци состојбата на Давид драстично се влошила. Лекарите дијагностицирале малигни промени на надколеницата, а во меѓувреме ракот метастазирал и на белите дробови на детето. Лекарскиот тим од скопските клиники препорачал ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.
Во меѓувреме, Давид и таткото заминале во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност. Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема. Во меѓувреме, лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедски болести во Скопје ја отфрлил операцијата во Виена како нерационална, што го фрли во очај малиот Давид.
Состојбата на Давид од ден на ден станува се полоша, а потребните средства може да се соберат само доколку граѓаните и институциите уште еднаш ја покажат својата хуманост. Неговиот живот е во опасност, а тој не сака ништо повеќе од нормално детство.
-Мојата најголема желба е да оздравам, да можам да играм, да трчам со другарите, да одам во школо. Се што можат да прават моите врсници, да можам да правам и јас. Го молам докторот што поскоро да реши да заминам на операција во странство – ја кажа својата новогодишна желба малиот Давид Стојановски.    Оливер Арсовски

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА : 320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
Билјана Китановска

alt

http://www.aberdzija.com/gradska/apel-za-pomosh-da-mu-pomogneme-na-kratovecot-david-da-izbegne-amputacija-na-nogata.html

Коментари

Takvi operacii vo stranstvo ne se plakat I ako treba da se plati toj ide preku zdrastveno osiguranje. Ima mnogu drugi solucii deka mozat samo da mu ugradat vestacko koleno i ke moze normalno da se dvize. Bez panika treba da razmislete ubavo, ima revenue.

Pozdrav
Stojna

0 Stojna Dimitrovska 2016-12-27 22:43 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.