gogo

A+ R A-


Ќе заживее ли прекрасното излетничко место „Стара Мусала“ во Кратово? (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

Иако е на само 200 метри од центарот на Кратово, а на педесеттина метри од првите куќи, излетничкото место „Стара Мусала“ изгледа како недопрен рај на земјата. Прекрасна природа, дебели сенки, црцорење на птици... сето тоа го прави ова подзаборавено излетничко место „зелена оаза“ каде кратовци можат да поминат убави мигови во „дружба“ со природата. Она што му недостига на овој зелен „рај“ е десеттина дрвени клупи, неколку масички и неколку лулашки за најмалите. Нека ова биде апел до општинските власти или до невладините организации во блиска иднина да подразмислат за „заживување“ на ова прекрасна излетничка локација.

Фото и видео од екскурзијата на 2 мај 2013 на „стара Мусала“alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.