gogo

A+ R A-


Кој е епископот Јосиф?

Е-пошта Печати PDF

altРоден е во 1977 година во Прилеп. По завршувањето на средното образование, во 1995 година, се запишува на Богословскиот факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје, каде што дипломира во 2000 година со одбрана на дипломскиот труд: „Иконите низ историјата на Црквата”. Следната, 2001 година, се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј” во Скопје, каде што магистрира во јуни 2005 година, на тема “Сфаќањето на личноста во антропологијата на свети Григориј Палама”. Истата, 2005 година, на катедрата по догматика при Православниот Богословски факултет во Скопје пријавува докторат  на тема “Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на свети Јован Лествичник, свети Симеон Нов Богослов и свети Григориј Палама”. Докторатот го одбранува во 2009 година.

Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин. Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир: “Рождество на Пресвета Богородица”. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква во 2011 година е произведен во архимандрит. На 28.06.2012 година, е избран за Епископ лешочки. На 21.10.2012 година е хиротонисан во соборниот храм на Полошко-кумановската епархија и е поставен за викар на Неговото Високопреосвештенство митрополитот господин Кирил.

http://josif.mk/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.