23 Октомври -денот на македонската револуционерна борба беше достојно одбележан и во Кратово, каде Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина на тема „Идеологијата на ВМРО“. Пред голем број граѓани се обрати претседателот на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Наковски, кој им подели благодарници за соработка со УМС на голем број партиски членови.
Во рамките на прославата дента беше реализирана крводарителна акција која мина со голем одзив меѓу граѓаните на Кратово.