Резервните офицери изведоа марш од 10 км
Група од триесеттина наши сограѓани изведоа марш преку селото Близанци и месноста Печеници до селото Добрево во чест на патрониот празник на градот Пробиштип. Настанот беше во организација на кратовскиот огранок на Организацијата на резервни офицери, а се одржа на 3 април. Кратовци беа пречекани од поголема група граѓани од Пробиштип и заеднички положија цвеќе по повод 67-годишнината од партизанскиот напад за ослободување на рудниците Добрево.