
Денот кога Кратово, родниот град на револуционерот Павел Шатев, одбележува 63 години од неговата смрт, беше причината поради која токму во Кратово беа промовирани девет тома од пишаната оставина на Павел Шатев. Новинарот Предраг Димитровски, издавачот Нове Цветаноски и историчарот Зоран Тодоровски уште еднаш укажаа на голготата низ која минувал славниот гемиџија во битката за слободна Македонија.
Пред спомен-обележјето на првиот македонски министер за правосудство се поклонија голем број граѓани на Кратово и гости од земјава. Останува впечатокот дека великанот и голем борец за слободна Македонија заслужува од државата да добие многу поголем паметник од скромната биста во родното Кратово. Оливер Арсовски



















