Споредбата на податоците докажува дека на село се живее подолго отколку во град, а просечен Македонец живее 72,1 години. Во Македонија најдолго се живее во пелагониските села, а најкратко во селата во околината на Скопје.
Животниот век во селата во Пелагонија лани изнесувал 75,8 години, 7 години подолго од жителите на селата во скопската котлина – 68,2 години кои живеат најкратко, покажуваат податоците за просечната возраст на умрени, објавени од ДЗС за лани.
Официјалните податоци покажуваат дека митот е вистинит – на село се живее подолго отколку во град! Просечните податоци за живот на село во сите 8 региони во земјава: скопскиот, источниот, југоисточниот, југозападниот, полошкиот, вардарскиот, пелагонискиот и североисточниот покажуваат дека секаде селаните живеат просечно подолго од лицата кои живеат во град.
Споредбата на податоците покажува дека во сите селски средини по региони подолго се живее отколку во градовите во истите региони. Дури и просечните податоци покажуваат дека на село во Македонија се живее речиси година и половина подолго одошто се живее во град.
Подолго од републичкиот просек живеат уште граѓаните од Кратово, Куманово, Пробиштип и Крива Паланка каде просечната старост е 72,5 години. Скопјани живеат просечно 71,9 години и тоа е последниот регион кој има просечна стапка на животен век за лани која е повисока од државниот просек.
извор - www.mkd.mk