gogo

A+ R A-


Кратовец тврди: Подобро „виндоуз-менаџер“ во Германија, отколку „ренџер“ во Македонија

Е-пошта Печати PDF

altВелат, кратовци секаде низ светот ќе сретнеш, а во Кратово најмалку. И така е. Се раселија насекаде низ светот, по сите континенти, но се чини, најмногу во „ветената“ земја Германија. По тој пат, пред нешто повеќе од две години тргна и кратовецот Влатко Арсов, откако сфатил дека просперитет во нашава земја за младите луѓе нема, Иако обучуван во елитните единици на македонската армија, не ја пронашол среќата во маскирната униформа и решил да замине во Германија. Бил свесен дека таму не го чека „мед и млеко“, но дека за сработеното ќе биде соодветно платен и награден. А работи необична работа, која му овозможува Минхен да го гледа од височини повисоки од 100 метри.
alt-Заминав во јануари 2019 во Минхен, Германија. Претходно во Македонија минав обука во воената единица „Волци“, па шестмесечен курс за „Ренџер“, па три години работев во Полкот за специјални операции. Во еден момент се освестив дека тоа не ме прави среќен, се сетив дека имам бугарски пасош и одлучив да заминам за Германија. Не знаев германски јазик и бев слабо платен. Откако го научив, добив одлично платена работа и сега сум почесто „на небо“, отколку на земја. Работам во фирма која се занимава со чистење на прозори на огромни висококатници и облакодери во Минхен. Работата на висина од 100 метри знае малку да биде и стресна, ама е пет пати поплатена од платата која ја добивав како „ренџер“ во Македонија. Планирам наскоро да ги преселам сопругата и едногодишното синче во Минхен и трајно да се исселиме од нашата татковина“, ни ја раскажа својата животна приказна младиот Влатко.
Иако професијата „windows manager" личи на информатичка професија, во насловот е употребен овој израз бидејќи кратовци се познати мајтапчии и секогаш знаат работата да ја свртат на шега. Велат, мијач на прозори можеби звучи како чудна професија, но дефинтивно е платена професија во земји кои знаат да го ценат човечкиот труд.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2504
mod_vvisit_counterВчера4624
mod_vvisit_counterОваа недела15635
mod_vvisit_counterМинатата недела28635
mod_vvisit_counterОвој месец163304
mod_vvisit_counterМинатиот месец179642
mod_vvisit_counterВкупно15553938
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.