gogo

A+ R A-


Кратово го одбележа првото ослободување во 1944 година

Е-пошта Печати PDF

altСо положување цвеќе на спомен-бистите на борците Павел Шатев, Јове Гичев и Тошо Куковски, граѓаните на Кратово го одбележаа првото ослободување на градот во 1944 година, иако слободата траела само еден ден.Со пригодни говори на претседателот на боречката организација и на градоначалникот Мите Андоновски, со гордост беше истакнато дека Кратово бил првиот град во Македонија кој бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
-Иако слободата извојувана на 25 април 1944 година траела кусо, од утро до квечерина, сепак, кратовци се горди што први се кренаа на бунт и со пожртвувана борба на Третата македонска ударна бригада под команда на генералот Михајло Апостолски, го почувствуваа духот на слободата – истакна историчарот Миле Марковски.
altПред спомен-костурницата во Кратово се одржа
историски час и прогласување и читање на поетски творби на учениците. Првата награда и припадна на ученичката Кристина Данилова, втората на Емилија Пановска, а третата награда ја поделија Валентина Јосифовска и Ивана Апостолова.

https://www.facebook.com/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%9F%D0%B8%D1%98%D0%B0-Aberdzija-news-portal-155289693956/photos/?tab=album&;album_id=10154841403048957

altalt


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.