gogo

A+ R A-


Кратово го славеше светецот Св.Ѓорѓи Кратовски - ВИДЕО

Е-пошта Печати PDF

alt

Денес го славиме свети Ѓорѓи, постојаниот молитвеник на кратовци пред Бога. Да го следиме примерот на св.Ѓорѓи за тоа како се чува и се сведочи верата. Со овие зборови им се обрати владиката кумановско-осоговски Јосиф, на насобраниот боговерен народ на прославата на патрониот празник на Општина Кратово.

Празнувањето започна во утринските часови со богослужба во црквата која го носи името на овој млад новомаченик и заштитник на златарскиот еснаф. Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“, кој беше претесен да ги прими многуте гости од земјава, но и од соседна Бугарија. Се виеше оро, се даруваше крв, а се собираа и донации за опожареното семејство Николовски.

 

-Градот Кратово ја имаше таа чест во него да се роди и да израсне ова момче, кое на целиот христијански свет му покажа како се чува верата Господова. По цена на својот живот, не отстапи и не ја смени верата и тоа е пример за сите нас како треба да ја чуваме верата и да ја пренесуваме на следните генерации. Следната година се навршуваат 500 години од неговата смрт и сигурно дека и ние, и православната црква и Министерството за култура ќе направиме напори за една манифестација која ќе биде достојна за да го одбележиме ликот и делото на свети Ѓорѓи Кратовски, кој сите нас не задолжи – истакна Мите Андоновски, градоначалникот на Кратово.

Животот на светецот траеше кратко, но споменот за него ќе трае вечно, порачаа неговите сограѓани, во исчекување на големата централна манифестација која догодина ќе се случува по повод 500 години од неговата маченичка смрт.    Оливер Арсовски

ФОТОГАЛЕРИЈА 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152676576958957.1073741849.155289693956&;type=1

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.