На достоинствен начин, како што прилега на ликот и делото на заштитникот на градот, кратовчани денес го прославија празникот св.Ѓорѓи Кратовски. Со свечената литургија началствуваше митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф. Во малата црквичка која го носи името на светецот, присуствуваше и претседателот на државата Ѓорге Иванов со сопругата Маја. На прославата присуствуваа и полскиот амбасадор, министри, пратеници и верници од целата земја и соседна Бугарија.
-Македонците го почитуваат овој празник, го ценат делото на маченикот Свети Ѓорѓи Кратовски, и секоја година масовно доаѓаат на манифестацијата која ја организира градот Кратово. Ние како општина достоинствено го одбележавме празникот, преку организирање спортски турнир во мал фудбал, шах и пинг-понг, на кој учество зедоа екипи од неколку градови. На културен план, организиравме изложба на икони и уметнички дела од тринаесет уметници, кои твореа во чест на маченикот – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“, каде владиката Јосиф кршеше славски колач и освети вода за верниците. Животот на маченикот Св. Ѓорѓи траеше кратко, но споменот за него трае 501 година, а ќе продолжи да трае вечно, порачаа кратовци. Оливер Арсовски

Кратово го славеше заштитникот Св.Ѓорѓи Кратовски (ВИДЕО)
Најново

![]() | Денеска | 779 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 14680 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 89481 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22585573 |


















