gogo

A+ R A-


Кратово и двомилионскиот Џинченг договорија соработка (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

alt

Висока кинеска делегација од градот Џинченг вчера и денес е во посета на општина Кратово, каде оствари средба со првите луѓе во локалната самоуправа и локалната бизнис – заедница. По ланската посета на кинескиот амбасадор во Кратово, градоначалникот Мите Андоновски побарал некоја помала кинеска општина со која може да се оствари плодна соработка. Кинескиот амбасадор се држел до ветеното и викендов во Кратово ги донесе гостите од двомилионскиот Џинченг, бидејќи помала општина не можел да најде. Со оваа анегдота и во топла пријатна атмосфера започна средбата во Кратово, каде домаќините се погрижија да им обезбедат традиционален кратовски ручек, зачинет со звуците на кратовските тамбураши и локалните игроорци.
Вчерашниот ден Кинезите го искористија да го посетат кратовскиот Музеј, да разгледаат две од шесте кратовски средновековни кули, уживаа во прекрасните седумвековни кратовски борови. Го посетија легендарниот Радин мост, црквата Свети Јован, а беа воодушевени од локалитетот Камени кукли во Куклица.
Н
а средбата во Локалната самоуправа беа направени почетните контакти, при што на гостите накратко им беа претставени ресурсите и условите што им стојат на располагање за инвестирање во Кратово.
-Потпишавме меморандум за воспоставување пријателство и соработка на повеќе полиња и се надевам дека во најблиска иднина ќе изнајдеме области на заеднички интерес каде би можеле да соработуваме.
Кинеската делегација посочи дека Џинченг е сличен на Кратово, во смисла дека и таму рударството и туризмот се основни гранки на кои се потпира развојот на градот.
- Од она што го видовме во Кратово, се надевам дека ќе соработуваме на полето на индустријата, утизмот и културата.Градоначалникот на Џинченг очекува многу од оваа соработка и нејзино продлабочување во иднина – вели Донг Сиаоџинг од Бирото за туризам и културни реликвии на Џинченг.
На свечената вечера, домаќин на Кинезите им беше стопанственикот Љубисав Иванов – Ѕинго, кој посочи дека во минатото неговите компании имале плодна соработка со кинеските, и дека би сакал таа соработка во бизнис-сферата да биде обновена. Посочи дека кратовскиот регион е еколошки незагаден и може да понуди еколошка вода и прекрасно вино за богатиот кинески пазар
. Акцент беше ставен и на туристичките потенцијали на Кратово, како можна дестинација за кинеските туристи.
Очекувањата во кратовската Локална самоуправа се дека во блиска иднина ќе дојде до плодна соработка, во интерес и на двете општини.   Оливер Арсовски


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.