gogo

A+ R A-


Кратово интензивно вложува во патна инфраструктура (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

Продолжува бранот инвестиции во инфраструктурни објекти во општината Кратово. Неколку села од Криворечието и од планинскиот дел на општината, летово добија нови асфалтирани патишта. Градоначалникот Мите Андоновски смета дека овие инфраструктурни вложувања ќе го спречат иселувањето на населението, а ќе значат и импулс за стопанството.
alt-Од вчера започна асфалтирање на патот од село Вакав кон Шопско Рударе. Тоа се средства обезбедени од Светска банка преку ЈП за државни патишта. Исто така, во тек е изградба на три километри пат од село Каврак до браната „Злетовица“, кој се надевам дека за петнаесеттина дена ќе биде завршен. Работиме и на поврзување на нашата општина со Куманово, со продолжување на работите на патот од село Коњух кон Бељаковце. Се надевам дека овој патен правец во должина од три километри ќе биде завршен до крајот на септември – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Најголем бенефит од новите патишта ќе имаат локалитетот Цоцев Камен, раритетната црква – ротонда и античкиот град Големо Градиште. Со новите патишта овие локалитети ќе станат многу попристапни за туристите, а со тоа ќе се зголеми туристичкиот потенцијал на општина Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.