gogo

A+ R A-


Кратово се најде во репортажи на швајцарски весник и радио

Е-пошта Печати PDF

alt

Приказната за Кратово и неговите туристички потенцијали стигнаа и до Швајцарија. Откако нашиот град пред извесно време беше посетен од швајцарските новинари Флавио Стропини и Моника де Бенедиктис, во рамки на нивната балканска турнеја во која досега направија репортажи за Мостар, Јајце, Никшиќ, Приштина, приказната за Кратово стигна на страниците на швајцарски весник. Младите новинари беа изненадени од убавините на нашиот град, направија видео-стории за Камените кукли, а шлаг на денот беше музичкиот перформанс на гајдаџијата Љубе, кој и покрај своите 75 години, со својата музика ги плени срцата на гостите од Алпите. За нивниот престој во Кратово да биде пријатен се погрижи домаќинот Стевче Доневски, кој им го покажа својот вински подрум и мини-музеј во Шанчева куќа.

Репортажата за Кратово може да се види на веб-страната на националното швајцарско радио, а истата беше прикажана и во театар во Белинцона.

altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.