По повод ослободување на град Кратово 6-ти Септември и 70 години од излегување на партизаните-борци од Кратово во составот на НОБ Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ и Антифашистичката војна на Македоноија 1941-1945 год. на ден 06.09.2013 год.(петок) во 10 часот во просториите при Општина Кратово ќе остварат средба со Градоначалникот на Општина Кратово, Мите Андоновски.
Во 10.30 часот ќе бидат положени свежи цвеќиња на бистите на народните херои Тошо Куковски и Јове Гичев, како и на Спомен костурницата.Исто така од страна на учениците од СОУ “Митко Пенџуклиски” ќе биде прочитан рецитал под наслов “Почит кон паднатите борци на НОБ”.
Во 12 часот во Галеријата при Домот на култура “Лазар Софијанов” свечено ќе биде отворена изложбата на слики од XXта меѓународна детска ликовна колонија “Лазар Софијанов” Кратово.