50 години СОУ „Митко Пенџуклиски“
пишува: Оливер Арсовски
Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово во среда (17 февруари) одбележа многу значаен јубилеј, 50 години од основањето на училиштето. Свечената церемонија се случување во холот на училиштето проследена со богата културно-забавна програма, во која учениците ги покажаа своите раскошни уметнички квалитети. Прославата со своето присуство ја збогатија градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, директорот на Просветниот инспекторат при МОН, Ѓорѓе Арсов, првиот директор на училиштето, Љубиша Монев, внукот на патронот Ристе Бабамов и многу други видни личности. Училиштето се потруди за оваа пригода да изработи монографија каде е документиран напредокот на нашето училиште во сите 50 години. Прославата на јубилејот продолжи со богат коктел во хотелот „Кратис“.