gogo

A+ R A-


Кратовски парадокси!!!

Е-пошта Печати PDF

Забрането фрлање ѓубре во канта!!!

Во чудна и несекојдневна ситуација ќе се најде човек кога шетајќи во центарот на Кратово ќе наиде на ваква нелогичност каква што уловивме со нашиот фотоапарат. На мостот пред Музејот, на 10-тина метри пред КАНУ, некој се сетил да постави пластична канта за отпадоци. Веднаш над неа некој друг се сетил да стави табла на која пишува „Забрането фрлање на ѓубре“. И сега ајде бидете еколошки едуциран граѓанин и фрлете го ѓубрето во канта, кога над неа недвосмислено е напишано дека е забрането да се фрла ѓубрето во неа.

Ако се плашите дека би можеле да заработите парична казна за прекршување на законите, тогаш ставете си ја кесата со смоки в џеб и однесете си ја дома. Или пак, искорнете ја таблата со погрешен текст, и префарбајте ја и на неа напишете „Ве молиме ѓубрето фрлете го во канта“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.