gogo

A+ R A-


Кратовскиот поет Панче Младеновски посвети песна на светецот Ѓорѓи

Е-пошта Печати PDF

П Л А М Е Н О  С Р Ц Е
(посветено на св.Ѓорѓи Кратовски)

СРЕДЕ КЛАДА НАСМЕВКА
А ПЛАМЕНИ ПРШТАТ
И ИСКРИ СО ТАНЦ ДО НЕБО
НО И ИСКРИ БОЖЈИ ВО ОЧИТЕ
КОМАНДУВААТ
УМОТ НЕ ГО КОЧИТЕ
ПУСТИ ПЛАМЕНИ
ДАЛЕКУ ОД ОВИЕ ПЛАНИНИ
КАРПИ ВУЛКАН ТИ МАЧАТ
СО ВОСТАНИЕ ДУХОТ ТИ ЗРАЧАТ
ПОТКУП СЛАВА
ВЕРА ДУША НЕ СЕ ДАВА
ПУСТИ ПЛАМЕНИ
РАЗГАЛЕНИ ПО ЗЛАТНИ РАМЕНИ
ГИ СТАВА ВО МОЛК
БЕЗБОЖНИТЕ ДАРОВИ ОСАМЕНИ
НИТУ ДОЖДОТ МОЖЕ
ПЛАЧОТ ДА ГО СВИЕ
НИТУ ПЕПЕЛ МОЖЕ
ТРАГИТЕ ДА СКРИЕ
ТИЕ ДЕНЕС ВОДАТ ВАМУ
КАДЕ ВОЗДИШКАТА
ПО СОКАЦИТЕ ТИ ДИШЕ
ЗАЛЕПЕНА ПО КЕПЕНЦИ И СТРЕИ
ШТО НЕ ШТИТАТ ТУКА И СЕГДЕ
СО СПОМЕНОТ ШТО НЕ СЕ БРИШЕ
КАКО ПРАВОТ ОД РЃАТА НЕГДЕ
ПУСТИ ПЛАМЕНИ
ЌЕ ОСТАНЕТЕ ОСАМЕНИ
ДА ГО КРИЕТЕ СВОЈОТ СРАМ
ВО ПРОГОНСТВО ЌЕ ВИ БИДЕ
КАКО ВЕЧЕН АРАМ
А КАЈ НАС
РИДОВИТЕ СЕ ИСТИ
НИШТО НЕ Е СМЕНЕТО

автор на песната - Панче Младеновски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.