Драмата со мачката Мици заврши со хепиенд, откако пожарникарската служба во Кратово ја спаси од сигурна смрт. Драмата започнала пред 4 дена кога Мици го напуштила домот и од непознати причини се качила на врвот од еден багрем висок 6-7 метри. Плашливата мачка немала храброст да се симне од багремот, па цели три дена останала на врвот од дрвото, без вода и храна. Не помогнале обидите на сопствениците на мачката да ја намамат со храна, па откако станало јасно дека нема друго чаре, ја повикале пожарникарската служба да интервенира. Бидејќи не успеале да ја дофатат, биле приморани да ја турнат од дрвото, а Мици од 7-8 метри височина се дочекала на нозе во коритото на Кратовска река.
Кратовските пожарникари го спасија мачето Мици, кое три дена беше заглавено на дрво
Најново

![]() | Денеска | 462 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 14363 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 89164 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22585256 |


















