Оваа недела се одбележа Светскиот ден на учителите, а воедно секоја година, првата седмица од месец октомври (5 – 9 Октомври) им се посветува на децата под мотото Детска недела, па по тој повод учениците од прво одделение од основното училиште „Кочо Рацин“ и нивните учителки беа во посета на општината. Акцентот на нивните желби при првата посета во општината беше за детски игралишта, мали спортски терени, простории за творештво…
Секретарот на општина Радмила С. Китанова им се заблагодари за нивните посета денеска и им посака среќа и успех во понатамошните училишни денови. Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.






















