Плавица крие 45 тони злато и 8.000 тони сребро
пишува - Оливер Арсовски
Месноста викана Плавица над кратовските села Шлегово и Приковци во својата утроба крие 45 тони благородно злато и над 8.000 тони сребро, покажаа испитувањата кои ги направи австралиската компанија „Џенезис рисорсис“. Оваа компанија за истражување на минерални ресурси потпиша договор со „Силекс“ во декември 2007 година за концесии врз Плавица и Црн Врв, месности во близина на Кратово. Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од 14.787 тони бакар со просечна чистота од 0,28 отсто. Во наредниот период ќе се вршат анализи за економската оправданост за реализација на овој проект.Доколку дојде до реализација на овој проект, тоа би можело да значи економска преродба на нашата општина и нејзините жители.