gogo

A+ R A-


Кратовското средно училиште се реновира

Е-пошта Печати PDF

Гимназијата во „виолетово“ руво

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ деновиве доживува вистинска ренесанса на градежен план. Она што може да се забележи оддалеку е дека гимназијата доби нова фасада, и тоа во виолетова боја. Во тек е замена на старата дотраена дрвена ламперија на покривот со гитерка-тули. Тоа е она што се однесува на екстериерот, а но реконструкција ќе има и на ентериерот. Летово во над десеттина училници ќе биде поставен ламинат врз стариот и дотраен паркет, со што ќе се подигне хигиената на повисоко ниво.

Сето ова е резултат на одличната соработка што нашата гимназија ја има со локалната самоуправа, и пред се градоначалникот Мите Андоновски, кои несебично одвојуваат средства за педесетгодишното училиште.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.