На 12.04.2012 година во Општина Гоце Делчев, Р.Бугарија, се одржа прес конференција со што свечено беше отворен заедничкиот проект под назив „Подобрување на квалитетот на живот преку промоција и развој на културните ресурси во регионот Гоце Делчев-Кратово и создавање на културен центар“. Проектот е финансиран преку ИПА Програмата за предпристапна помош, меѓугранична соработка Р.Бугарија - Р.Македонија и е со времетраење од една година.
Првата активност започнува на 23.04 кога 4 деца и 1 наставник по ликовно од Општина Кратово ќе заминат во Гоце Делчев на 7 дневен курс по сликарство. Вредноста на проектот е 91.000 евра, а соодносот на распределбата меѓу бугарската и македонската страна е 60 / 40 .