gogo

A+ R A-


Љубисав Иванов - Ѕинго го прослави 80-тиот роденден

Е-пошта Печати PDF

http://www.spm.org.mk/wp-content/uploads/2013/12/Ljubisav-Ivanov-Dzingo-3.jpgПолитичарот со најдолг пратенички стаж во историјата на македонскиото законодавен дом, Љубисав Иванов - Ѕинго, денес го прослави 80-тиот роденден. Иако денес навлезе во деветата деценија од животот, тој сеуште може да се види во јавноста, на партиски активности на СПМ или на натпреварите на фудбалскиот клув Силекс на домашен терен. Иако пред година-две се соочи со сериозни здравствени проблеми, Иванов ги надмина и сеуште покажува дека виталноста му е јака страна.
Накусо, еве ја неговата биографија.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8  ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово, во тогашното Кралство Југославија. Македонец по националност.

Живее во Кратово со сопругата Мира.

ОБРАЗОВАНИЕ

Завршил Рударско-геолошки факултет.

Добро ги знае српскиот и рускиот јазик, а се служи со германскиот јазик.

КАРИЕРА

Генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” Кратово, 40 години, а на функцијата стапил на почетокот на 1960-тите години.

Љубисав Иванов – Ѕинго е основач и прв сопственик на телевизијата Сител и татко на сегашниот нејзин сопственик, Горан Иванов.

Ѕинго бил првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија.

ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО

Член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ). Поседува волонтерско и професионално политичко искуство во континуиран период од 46 години од кои 30-годишно искуство како пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на РМ. Бил координатор на пратеничката група на СПМ во Собранието на РМ.

Во 2012 година од, како што  наведе, лични причини, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.