gogo

A+ R A-


Љупче, Ванче и Борис станаа бадникарски кумови

Е-пошта Печати PDF
Љупчо Смиљковски е новиот бадникарски кум во гимназијата „Митко Пенџуклиски“ во Кратово. Откако лани првпат беа делени лепчиња на вработените во училиштето, оваа година таа традиција продолжува, а лепчето со паричката го извлече токму Љупчо. Интересно е што новиот кум седеше на истото столче на кое лани паричката ја извлече претходниот бадникарски кум Бојан Костадинов.
Лепче со паричка се делеше и во Здравствениот дом во Кратово. Таму среќата ги посака д-р Ванче Какашевски кај првитаните лекари, а д-р Борче Милевски кај државните лекари. Ако судиме според имињата на „среќлиите“, оваа година ќе биде богата со бремени жени (Ванче), многу новороденчиња (Борис) и татковци кои висат на компјутер (Љупчо).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.